НАЈАВИТЕ ДОБИЈА СВОЈА РЕАЛИЗАЦИЈА

Марковски уште една година во Фени Индустри

И трета сезона по ред, Горјан Маркоски, ќе биде важен дел од играчкиот ростер на кавадаречкиот прволигаш...

објавено: 9 август 2018 - 18:10

Она што беше најавено пред некој ден, доби своја официјална реализација.

И во следната сезона Горјан Марковски ќе биде важен дел од играта на Фени Индустри откако се согласи на едногодишен договор со раководството на некогашнито македонски шампион.

"Им благодарам на луѓеот од Фени Индустри што ми ја дадоа довербата и што склучивме нов договор до крајот на сезоната" – вели Марковски по потписот на договореното со Фени Индустри

„Искрено се надевам дека ќе ја оправдам нивната доверба во моите можности. Јас можам само да ветам дека ќе и се вратам на кошарката посилен од било кога. Зад себе ги оставам сите оние проблеми, повреди, се надевам дека веќе тоа нема да ми се случи. Не само на мене, не му го посакувам тоа на ниту еден мој колега, без оглед за кој спорт станува збор. Сето тоа е благодарение на сите оние напори кои за време на рехабилитацијата ги дадоа моите големи пријатели, тренерите Милан Стошиќ и Петар Баснарков, без чија помош сето ова можеби ќе беше една многу поинаква приказна“.

Токму порди тешката повреда (скинати предни вкрстени лигаменти), Марковски одигра само 11. Мечеви во ланскито шампинат. Имаме навистина одлични бројки – просек од 14.3 поени и 5.1 скока по натпревар.
Се надева дека за еден месец ќе биде во онаа потребна натпреварувачка форма.

„Ќе работам одвоено од екипата уште еден извесен период, веројатно до крајот на август. Ќе имам сосема доволно време да бидам потполно пдоторвен за предизвиците кои следуват. Се надевам дека сите заедно ќе помогнеме Фени Индустри повторно да биде во врвот на македонската кошарка"- порачува и посакува Марковски.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка