ВТОРА ПОБЕДА НА КУМАНОВО МНОГУ ПОВАЖНА ОД ПРВАТА

Мекиќ и кумановци не фермаат „фаворити на хартија“

Адем Мекиќ ја отвори победничката серија на кумановските „сино-белите“ во третата четвртина по која немаше враќање за Гостивар (75:63)

објавено: 14 октомври 2018 - 19:41

Куманово е третата екипа по Работнички и Блокотехна која по две одиграни кола има исто толку победи во македонската Прва лига.

По очекуваниот триумф на гости кај Вардар, кумановци го решија во своја корист и првиот домашен меч, одигран во еден малку поинаков амбиент, надвор од спортската сала во Куманово.

Во онааа на Економското училиште, „падна“ доста амбициозниот состав на Гостивар. 

Куманово – Гостивар 75:63 (17-16 18-11; 21-21; 19-15)
Благодарение на добрата игра во одбраната, пред се, но и крајно лошиот шут на противникот, Куманово се стекна со сосема солидна предност во втората четвртина.
По нерешениот дел од играта, оној првиот (17:16) за Куманово, во вториот, домашната екипа беше таа која прва се „одлепи" на пристојна разлика, од седум-осум поени.
Така беше и на истекот на 20.минута (35:27), во корист на домашната екипа.
Во онаа гостинската, никако не одеше шутот од далечина (очајни 1-14), а Костоски беше буквално „бркан" по сите делови о теренот. Вистински „фластер" доби репрезентативниот плеј на гостиварци, кажано со оној ракометен жаргон. Но во крајна смисла на играта, тоа им донесе резултат на кумановци.
Нивниот предводник од клупата Александар Петровиќ пак не се„плашеше" во игра да уфрли неколку млади кошаркари (Миса, Стојановски, Тодоровиќ, Петровски, Бешлиоски), кои своето неискуство се обидоа да го надополнат со агресивност, со борбеност. И дадоа свој придонес во тие „плус 8" на полувремето.
Се обидуваа „сино-белите" оние кумановските и да ја надминат двоцифрената разлика. И успеаа во тоа, во најголема мерка поради расположениот Мекиќ, и неговиот поентерски асистент – Ковач.
Репрезентативецот на Куманово одигра своевидна кошаркарска „симултанка" со Гостивар во тртип дел до играта, во кој Куманово поведе и со предност од 11. поени, во неколку наврати. А разликата на едноцифрена „ја раситни" буквално во последната секунда не баш експонираниот Шегариќ (56:58), на истекот на третата четвртина.
Мекиќ продожи да го полни кошот на гостиварци и на почетокот на последниот дел од играта, оној кој по правило е решавачки. По неговиот 23.поен, Куманово одново имаше плус од 11. поени (59:48).
Кога погоди и Пенов, за највисоки, до тој момент (62:48), се чини дека гостите се откажаа од „бркање" на вака висока негатива, која минута подоцна порасна и на (65:48). 

 А да биде бељата по гостиварци уште поголема, на нецели пет минути пред крајот се повреди Костоски, по што тотално ја снема и она малку од дефанзивата кај гостите, кои дефинитивно очекува амногу повеќе од овој убедлив пораз во Куманово. 

А како играа, го заслужија, и повеќе од тоа.

На пример. со шут за три (1/25) не се победува ниту во младинска лига...

 

 

Најново во Кошарка