ПО СЛИЧНО СЦЕНАРИО, МЗТ СКОПЈЕ ГО ДОБИ ТРЕТИОТ МЕЧ

„Металците" го направија и вториот чекор

И по втор пат во серијата, шампионот го одбрани домашниот терен. Уште еднаш пред својата публика во „Јане Сандански" беа подобри од Карпош Соколи. Сега со резултат (86:80), доволен да го вратат водството во серијата (2-1) и во недела навечер да го бараат третиот пресуден поен кој ги носи кон шестата титула.

објавено: 19 мај 2017 - 21:14

Само уште еден триумф ги дели кошаркарите на МЗТ Скопје од освојуѕавње на шампионскиот трефеј, за нив шестти по ред.

По втор пат на домашен терен „металците" беа подобри од „соколите", па веќе во недела навечер (20. часот), макар и на теренот на предизвикувачот во ВИП Арената „Борис Трајковски', ќе ја имаат првата шанса да ја одбранат шампионската титула.
МЗТ Скопје – Карпош Соколи 86:80 (21-16; 23-18; 19-20; 23-26)
Подобро тргнаа гостите од Карпош во третиот меч од големото финале на македонскиот плеј-оф. Им тргна со тројките на избраниците на Драган Николиќ. Дадоа четири за нецели шест минути (две на Мавра), во кои поведоа со 14:8.
Но по „тајм-аутот" на Анте Назор, шампионот се „разбуди". Се серија од седум поени, МЗТ Скопје се врати во водство, 15:14.
„Соколите" продолжија во ист стил, да форсираат удар од далечина. Кога подзастанаа, тоа МЗТ знаеше да го користи. Да покачи и на 21:16 на истекот на првата четвртината. Интересно, „металците" имаа само еден, и нереализиран обид за три поени, додека гостите „испукаа" дури 12 пати од таа позиција.
Оние три кои ги погодија во втората четвртина им помогнаа на „сино-белите" да дојдат и до првата двоцифрена разлика. По точните шутеви од зад линијата 6.75 метри на Темс и на Ѓуроски, МЗТ Скопје беше на плус 9, (31:22). Но серијата продолжи, стигна и до (16-6), по што МЗТ Скопје дојде и до највисока позитива, од 15 поени, 37:22.


Среќа за Карпош Соколи е што Мавра „врза" уште две тројки, доволно да ја направи разликата едноцифрена, 28:37. Но во тоа прво полувреме во гостинската екипа играше само хрватскиот интернационалец. Па и оние минусни десет поени, 34:44 беа дури и добри за „соколите" на истекот на 20. минути.
Минути во кои, интересно, сите играчи кои ги стави Назор во игра, знаеја да го пронајдат патот до кошот на противникот.
Непроменета, барем резултатски, беше играта во наредните пет минути. Во тој дел од играта беше нерешено, МЗТ водеше со 50:40. Но не за долго, затоа што Зековиќ погоди за три, помогнаа и Пери и Пенов, за Лабовиќ ги донесе гостите на сериозно достижни, 50:54, кога се играше 27. минута.

Слично беше и по тројката која дојде од Пенов, 54:58, но нервозниот Мавра доби техничка грешка, која „металците" ја претворија во поголемо водство, 63:54, кое стоеше на семафорот по три одиграни периоди.
Огромен хендикеп за тимот од Карпош беа петте брзо направени „лични" на Трајковски, кој за нецели десет минути во игра, остана без ниту еден единствен поен.

Впрочем кај „соколите" најмногу погодуваа Мавра и Пери (заедно 29. поени).


На другата страна, Клоф и Дреновац добија вистинска подршка од Темс. Го немаше на претходниот меч, но на овој Американецот и со половичен ефект во шутот, стигна до 18. реализирани поени (во трите четвртини).
Последната шанса на гостите им ја даде Лабовиќ. Со пет поени по ред, ги донесе на минус од само три поени, или еден посед на топката.
Џабе црташе Анте Назор во таа минута одмор, кога Пери ја освои топката, и тие последни 64 секунди ги претвори во подраматични, 79:77. Но една несфатлива поставка во одбраната на Карпош Соколи, „од втора" ја казни Дреновац, за 81:77.
Но Соколов и пред се, Пери, онака почетнички, загубија топка, по која Клоф ги однесе во уште поголема негагива, 83:77. Ја преполови Мавра, но секундите течеа...
Останаа нецели 18 до истекот на овој трет дуел од финалето. Клоф погоди уште еден „пенал", за 84:80, пред Мавра да го повтори обидот од пред некоја вечер.
Доволно да почне второто славење на МЗТ Скопје.

 

 

Најново во Кошарка