Проработе кумската врска

Михајловски ќе му асистира на Стефанов во Кожув

По ангажирањето на Стефанов, тимот од Гевгелија го назначи Михајловски за негов помошник и со тоа продожува со реновирањето на тимот

објавено: 30 август 2016 - 18:16

Поранешниот македонски репрезентативец Игор Михајловски е назначен за нов помошник на Врбица Стефанов во екипата на Кожув. Поранешниот играч на МЗТ, Куманово и Партизан е избран за втор човек во стручниот штаб, а со тоа продолжува и најавеното реновирање на тимот. Ваквата вест значи дека Кожув во идната сезона ќе биде предводен од двајца поранешни наши репрезентативци кои одлично се познаваат и надвор од теренот.

Кожув паралелно работи и на пополнување на ростерот. Станува збор за искусниот центар Златко Гоцевски кој практично повторно ќе го облече црвено белиот дрес. За Гоцевски ова е кам бек во Кожув, бидејќи пред една година го напушти овој колектив и прејде во редовите на Струмица. Покрај овој трансфер, клубот објави дека е постигнат договор и со членот на младата репрезентација Даниел Нацевски. Тој, пак, направи кам-бек после само неколку месеци. Најпрвин замина во редовите на Бест, но по распадот ќе остане во Гевгелија.

Најново во Кошарка