ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ

Михајловски се повлече, Куманово без „шеф"

На вечерашната средба со Струмица, сосема неочекувано, „сино-белите" од Куманово ги предводеше асистентот-тренер Милош Нинковиќ.

објавено: 29 октомври 2017 - 21:35

Сосема изненадувачки но е вистинито, Игор Михајловски повеќе не е шеф на стручниот штаб на екипата на Куманово.

Предводникот на кумановскиот состав, сосема неочекувано, пред тргнувањето за Струмица, понудил оставка на првата тренерска позиција, па откако била усвоена, нашиот претставник во БИБЛ лигата на дуелот во „Парк" бил предводен од неговиот помошник, Милош Нинковиќ.

Неофицијално, Михајловски се повлекол од здравствени причини, односно откако добил лекарска препорака да се повлече од оваа и тоа како стресна позиција во која е вклучен во изминатиот период.
Во ланската сезона, Михајловски ја продолжи работата на Врбица Стефанов, како прв тренер на гевгелиски Кожув. Но по истекот на договорот со гевгеличани, и ослободувањето на позицијата во неговиот роден град – Куманово, Михајловски се согласи на договор со „сино-белите".
Но издржа само три првенствени кола, и исто толку во БИБЛ лигата. И во двете натпреварувања, со Михајловски како шеф на стручниот штаб, Куманово имаше ефект од една победа и два порази.
Многу појасна ќе биде ситуацијата по утрешниот состанок на Управниот одбор на прволигашот од Куманово на која ќе се дискутира за актуелниот момент во кој функционира клубот.

 

Најново во Кошарка