МНОГУ ПОЗНАТО ИМЕ КАЈ „СИНО-БЕЛИТЕ“

Мирко Ковач е нов играч на Куманово!

Искусниот, 34-годишен Србин, кој зад себе има огромно играчко искуство, ќе биде дополнение на крилната позиција во тимот на тренерот Игор Михајловски.  

објавено: 18 август 2017 - 13:45

Неполни 24 часа откако го ангажираа Немања Миљковиќ, раководството на Куманово реализираше уште еден трансфер. И одново на еден странски кошаркар.

Ново име во составот за следната натпреварувачка сезона ќе биде Мирко Ковач.

Искусниот српски интернационалец кој ја „турка“ 34 година од животот. Кошаркар кој зад себе има и тоа како богата играчка кариера. 

Ова ниско крило (199. сантиметри) на почетокот на оваа декада почна во белградски Партизан, играше и за нивниот најголем ривал, Црвна Звезда, и тоа во друштво на нашиот репрезент Перо Антиќ (во периодот од 2006 до 2009 година).

Но и во клубови како АЗС Кошчалин, Апоел од Никозија, романските Крајова и Питешти, додека пак лани имаше договор и со гркиот Короивос.  

Најново во Кошарка