МЗТ СКОПЈЕ ГИ ПОТВРДИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ

Митев и Мамузиќ три години во „сино-белиот“ дрес

Бранителот на шампионската титула, МЗТ Скопје потврди две од трите најавени млади засилувања што „Спортмедиа“ ги најави утринава.

 

објавено: 7 јули 2017 - 15:20

Бранителот на шампионската титула, МЗТ Скопје потврди две од трите најавени млади засилувања што „Спортмедиа" ги најави утринава. Михајло Митев и Ранко Мамузиќ потпишаа тригодишен догоор со тимот од Аеродром.

„Актуелните младински кошаркарски репрезентативци, Михајло Митев (19 год, 191 см.) и Ранко Мамузиќ (19 год, 203 см.), од денеска се нови членови на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпишаа тригодишна верност со шесткратниот шампион.

Станува збор за двоец кој дефинитивно влегува меѓу најталентираните македонски кошаркари во младинска конкуренција и кои се меѓу главните адути на селекторот Мирко Петрески на претстојното Европско првенство (ЕП), дивизија Б, во Романија. Митев доаѓа од таборот на Вардар додека Мамузиќ изминативе неколку години настапуваше за шпанскиот тим Баскет Аликанте.“, стои на официјалната страница на МЗТ Скопје, кој не го потврди Андреј Маслинко.

Претходно, беа вратени Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, а под договор се уште и Марко Симоновски, Адем Мекиќ како и Американецот Ксавиер Темс.

 

Најново во Кошарка