Поради неподмирени долгови

МКФ ги суспендираше Куманово, Кожув, К.Соколи и Струмица

Македонската кошаркарска федерација ги суспендираше екипите на Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи, поради неисплатени долгови. Неофицијално, горенаведените екипи имаат долг од 400.000 денари.

објавено: 26 јануари 2017 - 18:21

Македонската кошаркарска федерација ги суспендираше екипите на Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи поради неисплатени долгови. Најголем дел од горенаведените тимови се уште немаат платено за лиценците за странските играчи, по цената која ја изгласа МКФ.

Доколку овие екипи не ги подмират долговите, ќе немаат право на настап во Првата лига. Ова не се однесува на Карпош Соколи, бидејќи се натпреварува во АБА-лигата. 

Неофицијално дознаваме дека вкупниот долг на еден тим се движи од 400.000 денари, а дел од челниците на клубовите се изјасниле дека немаат намера да ја искешираат целата сума и покрај тоа што се суспендирани и ќе немаат право на настап во продолжение на првенството.

 

Најново во Кошарка