НАЈДОБРИТЕ СЕ СОБРАА НА ЕДНО МЕСТО

МКФ го потврди изборот на Војдан Стојановски за кошаркар на 2015 година! (ФОТО)

На гала манифестација, на која на едно место се најдоа речиси сите што нешто значат во македонската кошарка, барем во делот на спортските работници и предводници на овој спорт кај нас, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ги избра најдобрите во 2015 година, доделувајќи им пригодни награди и плакети.

објавено: 23 декември 2015 - 20:30

Војдан Стојановски, членот на шпанска Андора Морабанк, ја предводи листата на лауреатите со признанието за најдобар кошаркар додека Едина Муса ја доби наградата за најдобра кошаркарка. Страшо Тодоровиќ, предводникот на Куманово и Перо Стамески од Бадел 1862 беа најдобри кај тренерите во машка и женска конкуренција додека МЗТ Скопје и Бадел 1862 беа избрани за екипи на годината.

„Голема благодарност до мојот клуб што ми дадоа доверба и докажавме дека и ние домашни тренери знаеме да работиме“, изјави најдобриот тренер за изминатата година, Тодоровиќ.

Неодамна починатата легенда на македонската кошарка, Цветан Петровски-Куко, постхумно ја доби наградата за животно дело, која ја прими неговиот внук, Лука Петровски, кошаркар на МЗТ Скопје. Плакети добија и спонзорите на МКФ.

ЛИСТА НА ЛАУРЕАТИТЕ НА МКФ ЗА 2015 ГОДИНА

НАЈДОБАР КОШАРКАР

Војдан Стојановски (Андора Морабанк - Шпанија)

НАЈДОБРА КОШАРКАРКА

Едина Муса (Лотос)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР КАЈ МАЖИТЕ

Страшо Тодоровиќ (Куманово)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР КАЈ ЖЕНИТЕ

Перо Стамески (Бадел 1862)

НАЈДОБРА МАШКА ЕКИПА

МЗТ Скопје

НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА

Бадел 1862

НАЈДОБРА ЕКИПА ВО МАШКА МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

МЗТ Скопје

НАЈДОБРА ЕКИПА ВО ЖЕНСКА МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Струга 2009

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МАШКА МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Владимир Мирковски (МЗТ Скопје)

НАЈДОБРА ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Срѓан Дамјановски (Јуниор)

НАЈДОБАР МЛАД КОШАРКАР

Љубомир Младеновски (МЗТ Скопје)

НАЈДОБРА МЛАДА КОШАРКАРКА

Ана Марија Шеќероска (Струга 2009)

НАЈДОБАР СУДИЈА

Александар Милојевиќ

Најново во Кошарка