НЕМА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ДЕКА МЕХМЕТИ Е ЗАМЕНИК НА НАУМОСКИ

МКФ крие дека избрала потпретседател

Испразнетото потпретседателско место во МКФ кое се ослободи по заминувањето на Илија Пенов, ќе го заземе Седат Мехмети

објавено: 22 мај 2018 - 10:41

Претседателот на Шкупи, Седат Мехмети, во текот на вчерашниот ден бил избран за потпретседател на Македонската кошаркарска федерација, но уште нема официјална потврда на информацијата. Во МКФ имаат навика да кријат важни работи, и да држат тајни состаноци на Управниот одбор, па затоа и оставаат простор за шпекулации и сомнежи за сомнителни работи. 

Мехмети вчера почна да добива честитки на социјалните мрежи, од клубот Шкупи истотака се пофалија дека за првпат еден македонски Албанец е избран на висока позиција во МКФ, но на сајтот на федерацијата, никаде не стои дека на местото на Илија Пенов, поставен е бизнисменот Мехмети. 

Сеа Наумоски повторно има двајца заменици. Едниот е Сашо Дракуловски, а вториот Мехмети. 

Најново во Кошарка