„СПОРТМЕДИА“ ДОЈДЕ ДО ОДЛУКИТЕ ОД “ТАЈНАТА“ СЕДНИЦА НА УО

МКФ „лицитира“, кој сака во Првата лига?

Прволигашите за сезоната 2017/18 ќе платат котизација од 630.000 денари. Најсилното клупско натпреварување кај нас ќе се прошири на 12 екипи.  

објавено: 8 септември 2017 - 10:45

„Спортмедиа“ дојде до одлуките Управниот одбор при МКФ. Она што го најавивме на вчерашната седница беше потврдено, Првата лига ќе се прошири на 12 екипи, последните две места ќе бидат потполнети согласно со пласманот во Втората лига, односно истите ќе им бидат понудени на клубовите кои ланската сезона ја завршија од 3. дo 8. позиција.

Доколку нема интерес од нивна страна, во тој случај двете слободни места ќе им бидат понудени на минатогодишните прволигаши, Вардар односно Пелистер.

На седницата на Управниот одбор беше одредена висината на котизацијата за настап во Првата лига, таа изнесува 630.000 денари и истата мора да биде подмирена до 20 септември. 

Владо Цветковски ја доби довербата да остане комесар за натпреварување за сениорските и младинските лиги.

Во прилог ви ги доставуваме одлуките на седницата на Управниот одбор. 

 

 

Најново во Кошарка