АКО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ,ФЕДЕРАЦИЈАТА ЌЕ ГИ „ВОСПИТУВА"ПРВОЛИГАШИТЕ

МКФ УПОРНО ГИ ИГНОРНИРА МЕДИУМИТЕ: Има состанок, нема покана, зошто?

Ако некој не знае, освен оние кои добиле писмени покани, утре попладне, во 14. часот, во конгресната сала при СЦ „Јане Сандански" ќе се одржи состанок.

објавено: 21 март 2018 - 21:10

Ако некој не знае, освен оние кои добиле писмени покани, утре попладне, во 14. часот, во конгресната сала при СЦ „Јане Сандански" ќе се одржи состанок.

Инициран, веројатно од страна на Македонската кошaркарска федерација, а на кој се повикани претставниците на Здружението на прволигашите, барем засега, така стои во официјалниот допис.

Ќе се дискутира, веројатно, на четири точки поставени на дневниот ред

Одиме редоследно, за јавноста да биде информирана како што треба:

-Дефинирање на услови во спортските објекти за одигрување на натпревари во Суперлига и плеј-оф (каде е плеј-аутот тоа е друго прашање и тема за дискусија)
-Усогласување на критериуми на судиските одлуки и критериуми за пред и за време на одигрување на натпревар
-Потсетување (добар збор) за регулатива за изјави во медиуми од страна на сите спортски актери (тренери, играчи, судии и официјални лица)
-Имплементирање на одредбите на Законот за спречување на насилство на спортски натпревар

Да, и битно е да се напомене и тоа, дека на состанокот ќе присуствуваат спортскиот директор Владимир Темелковски, комесарот за натпреварување, Владо Цветковски, ФИБА инструкторот Ѓорѓи Пиперков, и судии со ФИБА значка.
Новинарите ги нема... Толку од транспарентноста на овој МКФ!
Им благодариме на клубовите (дел од нив) за информацијата дека ќе има ваков собир, веројатно доста важен за нашата кошарка.
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка