РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И ДЕНЕСКА НА ТРЕНИНГ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

МКФ во проблеми, новиот семафор е заглавен среде сала (ФОТО)

Проблем пред неделниот меч со Романија во рамките на вториот квалификациски циклус за пласман на ЕП. Во салата „Борис Трајковски“ и натаму е невозможно да се одржи тренинг, новиот модерен семафор прави проблем. Се уште не е монтиран на предвиденото место (на средина на теренот), па токму затоа репрезентативците денеска ќе тренираат во СЦ „Јане Сандански“. Но, ова не е најстрашното, според правилата Романија мора да одржи еден тренинг во салата каде што ќе се игра мечот. МКФ е во трка со времето, останува утре да се реши овој проблем.   

објавено: 14 септември 2018 - 18:30

Најново во Кошарка