НОВИОТ ПРВОЛИГАШ СЕ ЕКИПИРА ВО РАКОВОДНИОТ ДЕЛ

Младен Ѓуроски – нов спортски директор на Гостивар

Откако обезбедија пласман во друштвото на најдобрите, гостиварци почнаа со засилувањата, прво во раководниот тим во кој „влезе" едно доста познaто кошaркарско име во градот, и нашата кошарка

објавено: 23 јуни 2017 - 14:40

Гостивар е новото име на прволигашката кошаркарска мапа на Македонија.

Иако лани го обезбедија опстанокот во Првата лига, дури од „втор обид" гостиварци се одлучија да ги одмерат силите со најдобрите клубови во нашата земја.
А за да бидат во иста линија со конкуренцијата, луѓето кои раководат со новиот прволигаш почнаа да ги влечат и првите, конкретни потези.


Па така на местото на спортски директор е именуван Младен Ѓуроски. Доста познато име во Гостивар, но не само таму, туку и многу пошироко во нашиот кошаркарски свет.
Во последно време многу повеќе ангажиран во светот на малиот фудбал, постариот од браќата Ѓуроски, одлучи да се врати во спортот кој најдобро го познава.
Со оглед на краткиот временски рок, многу работи околу понатамошното функционирање на гостиварскиот прволигаш ќе бидат појасни во текот на наредната седмица за кога управата на клубот планира да свика прес-конференција, на која ќе бидат презентирани сите идни планови.

Како оние поврзани со именување на шеф на стручниот штаб, така и реализираните договори со дел од играчите со кои досега било разговарано да бидат дел од еден и дефинитивно малку поинаков Гостивар од оној што го имавме навикнато да го гледаме во изминатиот период.

 

Најново во Кошарка