ПО ПРЕКИНОТ НА СОРАБОТКАТА СО МЗТ СКОПЈЕ

Младиот Стајиќ експресно најде нов клуб – ќе игра за Фени индустри!

објавено: 19 август 2015 - 17:48

Поранешниот младински кошаркарски репрезентативец на Македонија, Бобан Стајиќ, следната сезона ќе игра во дресот на Фени индустри, откако денеска потпиша договорсо клубот од Кавадарци.

Талентираниот плејмејкер не беше долго без клуб, по прекинот на соработката со МЗТ Скопје пред неколку дена. Тој ќе биде солидно засилување за кавадарчани, но по паузата која му следува поради скршеницата на десната нога, добиена за време на летната пауза. Претходно, тој настапуваше за скопска Лирија.

Стајиќ е четврто ново име во составот на Фени И. летово, по ангажманот на Кирил Николовски како и на српските интернационалци Миладин Пековиќ и на Владимир Ивеља. На првата прозивка пред три дена се појавија и Горан Самарџиев и Хрватот Карло Враговиќ, како и плејада млади таленти, чие време допрва доаѓа.

Најново во Кошарка