МКФ ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ УШТЕ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА

„Моли-коли" ама... пола од прволигашите без платена котизација

6.август беше последнито рок за уплатата на потребната котизација за настап во сезоната 2018/2019, но барем засега тој „закон" на федерацјата не е испочитуван од половина од прволигашките клубови, меѓу нив и некои се шампионски...

објавено: 7 август 2018 - 21:20

6.август беше последнито рок за уплатата на потребната котизација за настап во сезоната 2018/2019, но барем засега тој „закон" на федерацјата не е испочитуван од половина од прволигашките клубови, меѓу нив и некои се шампионски...

И додека дел од екипите веќе ги почнаа подготовките за новата првенствена сезона, уште од сега се поставува прашањето, кој ќе игра, кој од клубовите ќе настапуваат во друштвото на најдобрите?
Проблемите, дефинитивно ги создаваат финансииите, кои се далеку од добри во добар дел од нашиот спорт, не само во кошарката.
Па оттука и не треба да биде воопшто чудно што барем половина од екипите со право на настап во елитното натпреварување, односно во сезоната 2018/2019, не ги имаат подмирено своите обврски спрема федерацијата.


За што всушност станува збор?
Уште на 9. јули, „куќата на кошарката" лиферуваше информација, односно го одреди 6. август како последен рок за уплата на средства за котизација. Тогаш МКФ го објасни тоа со една препорака.
„Да се има јасна слика за тоа кои клубови планираат да учествуваат во Првата лига, како и да им се даде евентуална шанса на клубовите од Втората лига а воедно и да се одлучува по прашањето за зголемувањето на Втората лига односно намалување на бројот на учесници во Првата Лига".
Од федерацијата информираат дека во меѓувреме е испратено и соодветно „потсетување" за оваа обврска кон клубовите, и тоа во два наврати, на 20 односно на 27. јули.
Вака излегува дека овој однос, секако на дел од клубовите, (немаме точна информација за кои станува збор), повторно актуелизираат еден максимално несериозен пристап во реализација планираните активности во пресрет на новата првенствена сезона.
Јасно е дека многу скоро ќе треба да следува реакција од страна на раководството на МКФ. Односно да се отвори „дневен ред" и да се размислува во која насока ќе се развиваат следните активности.

Повеќе читајте во најновото печатено издание на „Спорт.ком.мк“...



 

Најново во Кошарка