УСПЕШЕН КРАЈ ЗА ГОСТИВАРЦИ ВО ДЕБИ СЕЗОНАТА

Мотивите на страната на Гостивар

Во дуелот на екипите кои долго време беа во битка за позицијата број 4, Гостивар излезе како победник против Куманово (75:58).

објавено: 5 мај 2018 - 18:30

Во дуелот на екипите кои долго време беа во битка за позицијата број 4, Гостивар излезе како победник против Куманово (75:58).

Гостивар – Куманово 75:58 (23-9; 16-21; 16-16; 20-12)
Последно коло од Суперлигата беше за дебитантот Гостивар, не и за Куманово Но екипата која се збогува со оваа сезона имаше далеку поголеми мотиви во однос на онаа која ќе се боти за трофејот, односно шампионската титула.
Убедливи (23:9), реализираа домашните кошаркари уште во првиот период од играта во дуелот со Куманово.

Тотално потфрлиа во офанзивата кошаркарите на тренерот Александар Петровиќ во првото полувреме од ова гостување во Гостивар. По оние девет поени за десет минути, слично функционираа и во втората четвртина во мечот кој не менуваше многу работи во крајниот изглед на табелата.
Дури во „втората половина" од втората четвртина екипата која ќе игра во плеј-офот, почна да погодува „нешто", доволно да дојде до минус од една цифра - девет, (30:39).
Полувреме кое со 16.реализирани поени го одбележи Ивица Димчевски (3/3 за три поени).
Третата четвртина беше и најизедначена,заврши со нерешени (16:16),па разликата од девет поени во корист на Гостивар остана непроменета (55:46). Различно беше што Таварион дотурка до 11 поени, и беше вториот двоцифрен играч во домашната екипа.
На спротивната страна почна да погодува оној што треба да го прави тоа – Ѓекиќ, кој изброи до 16.поени во три четвртини од играта.
Во последниот дел, гостиварци покачија и на плус од 13 (59:46) по само две минути. Во следните две и серијата (8-2), разликата беше уште повисока (63:48), како најава дека последниот меч во сезоната гостиварци ќе го решат во своја корист.
Таварион застана на бројката од 19. поени, Димчевски пак на 16 (сите во првиот дел од играта).
Ѓекиќ дојде до 18, а двоен број на поени кај Куманово реализираше само уште Штерјов – 11.

Најново во Кошарка