БЛОКОТЕХНА ГО „ТРЕСНА" МЗТ СКОПЈЕ ВО ДЕРБИТО НА ПРВОТО КОЛО

МЗТ „блокиран" уште на почетокот!

Добро тргнаа во АБА-2 лигата, но веднаш застанаа во македонската. Блокотехна направи „блок" за МЗТ Скопје во првото коло од Првата лига (81:78)...

објавено: 7 октомври 2018 - 19:49

Можеби МЗТ Скопје почна добро во АБА 2 лигата, но тој „тренд" „металците" не го повторија на отворањето на новата сезона во Првата македонска лига. Блокотехна е екипата која уште на стартот им даде до знаење на „аеродромци" дека и не се така доминантни, односно дека треба само да се појават на теренот, без оглед на тоа каде, за да победат...

Блокотехна – МЗТ Скопје 81:78 (21-27: 28-23; 16-14; 16-14)
Доста ефикасно се играше во првите 20.минути од дуелот во Негорски Бањи. Без еден поен, „паднаа" скоро сто на двете страни од теренот.
Мијатовиќ имаше 15, а Гаидус уште 11 поени за Блокотехна во првиот дел во кој домашната екипа се врати назад во игра во втората четвртина, кога и намали на (49:50).
Така беше и на полувремето во првиот дерби дуел од првото коло на новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

На другата страна, скоро непогрешлив беше капитенот Д. Стојановски, кој реализираше 12. поени.
На почетокот на вториот дел Младеновски стана вториот „двоцифрен" играч на гостите од Скопје, а нивниот тренер, Ѓорѓи Кочов, за прв пат на дербито почна да го „користи" недоволно залечениот Иве Иванов (на средбата од АБА 2 лигата против Борац го повреди скочниот зглоб).
До тој момент Кочов користеше само седуммина играчи (плус Соколов и Бојиќ кои не беа стартери). Не и Симоновски за кого се говореше дека има нешто полесна повреда (на петицата).

Големото враќање, по негативата од 12. поени (во 12.минута), го круниса капитенот Главчев со водство на Блокотехна (51:50) на почетокот третата четвртина. Нерешено беше (58:58) во средишниот дел од тој период. Во кој трета лична грешка доби нивниот најефикасен играч, Мијатовиќ. Но, Гаидус погоди уште една тројка, за негов 17.поен (исто колку и Мијатовиќ), која одново донесе предност за домаќините (63:62), кое го зголеми Николиќ (65:62).

Во решавачкиот дел се влезе со „минималец" за домашната екипа (65:64), но и четири лични грешки на Литванецот кај Блокотехна.
Кај МЗТ недостасуваа поените од Бојиќ. Кој делуваше доста отсутно на ова прво гостување во новата сезона. Истотата констатација важи и за двајцата Американци кои не импресионираа (споредено со партиите кои ги имаа во АБА конкурекцијата).

Блокотехна се потпираше во шутот од далечина, и некои реализации од Гаидус и Лефкоски им донесоа егал резултат. Вудард ја уфрли првата тројка за МЗТ Скопје во второто полувреме. Колку да ја врати прендоста, макар и минимална за неговата екипа (74:73) на нешто повеќе од четири минути до крајот.
Период во кој МЗТ Скопје мораше да го доигра без помош од Стојановски, кој доби петта и техничка грешка (доста сомнителна одлука на судиите).

Тројката, за први поени на Младеновиќ, го донесе домашниот тим на највисоки (78:74). Но Медфорд имаше против-одговор за (77:78). Резултат со кој двете екипи влегоа во последните две минути.
Време во кое прво не успеа Магдевски на едната, а потоа и Младеновиќ на другата страна. Но се исправи плејот на Блоко некоја секунда подоцна, од линијата за слободни фрлања (за водство (80:77). Остави само 11 секунди за конечно решение кое дојде по тајм-аутот на Кочов.

Магдевски се претвори во трагичар затоа што намерно го утна второто слободно фрлање, по што топката им припадна на кошаркарите на Блокотехна, а со тоа и триумфот.

 

Најново во Кошарка