Шампионот го потврди враќањето на репрезентативецот

МЗТ го официјализираше Марко Симоновски

Она што веќе беше познато пред еден месец, од таборот на актуелниот македонски шампион денеска го потврдија. Марко Симоновски повторно се враќа во СЦ „Јане Сандански“.

објавено: 29 јули 2016 - 10:38

По една година пауза, Марко Симоновски повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје. Од таборот на актуелниот македонски шампион дури денеска ја потврдија информацијата која што беше позната уште пред еден месец.

Симоновски е четврто засилување во редовите на МЗТ Скопје по Американецот Џош Скот, Ѓорѓе Дреновац, и Шарлон Клоф. 

Доколку повратникот во редовите на тимот од Аеродром успешно се рехабилитира од повредата на 'рбетот, поради која сѐ уште не може да тренира заедно со останатите репрезентативци, ќе се приклучи на подготовките на националниот тим.

 

 

 

Најново во Кошарка