РЕГИСТРАЦИСКАТА КОМИСИЈА НА МКФ СО КОНЕЧНА ОДЛУКА

МЗТ го победи Куманово надвор од теренот, го врати Мијатовиќ

Данило Мијатовиќ поднесе барање за предвремен раскин на договорот со екипата на Куманово. И по неколку дена високото крило е „ослободен" од обврските спрема нашиот преставник во БИБЛ лигата.

објавено: 14 март 2017 - 16:47

Данило Мијатовиќ поднесе барање за предвремен раскин на договорот со екипата на Куманово. И по неколку дена високото крило е „ослободен" од обврските спрема нашиот преставник во БИБЛ лигата,

Ова е конечната одлука на Регистрациската комисија на МКФ која во изминатиот период го разгледуваше барањето на српскиот интернационалец.
И иако по првото прегледување на документацијата заклучи дека се потребни уште некои документи, по доставувањето на истите, одлуката гласи дека Данило Мијатовиќ е слободен играч, и може да потпише за било кој друг клуб во и надвор од Македонија без никаква отштета.


Согласно приложените документи од страна на клубот, Регистрациската комисија утврдила дека во периодот кога настапувал за клубот, Мијатовиќ не бил осигуран од повреди настанати за време на тренинзи и натпревари, па согласно Регистрацискиот правилник, односно членот 22 донесена е одлука за раскин на неговиот договор со КК Куманово.
Со оглед на тоа дека за неговите услуги од неодамна посебен интерес пројави неговиот поранешен клуб во Македонија, МЗТ Скопје, јасно е дека актуелниот бранител на титулата и ќе ја реализира замислата. Да го врати во Аеродром силно крило кој во овој прв дел од сезоната се претвори во најдобриот и најкорисниот играч на Куманово. Како во домашниот шампионат, така и мечевите во БИБЛ лигата.
А согласно член 39 од Регистрацискиот правилник на МКФ, Куманово може да поднесе жалба преку оваа комисија до Арбитражата на МКФ во рок од три дена од приемот на одлуката, и откако претходно ќе уплати 20.000 денари за разглеување на истата.

Најново во Кошарка