СО ОГЛЕД НА СИЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ТИМОТ

МЗТ ПОЗАЈМУВА МЛАДИ СИЛИ: Митев во Струмица, Мамузиќ оди во Кожув

Младите и талентирани играчи на МЗТ Скопје Аеродром, Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, сезоната ќе ја довршат во екипите на Струмица односно Кожув, каде што ќе настапуваат како отстапени играчи.

објавено: 10 ноември 2017 - 21:17

Младите и талентирани играчи на МЗТ Скопје Аеродром, Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, сезоната ќе ја довршат во екипите на Струмица односно Кожув, каде што ќе настапуваат како отстапени играчи.
Причина за овој потег е тие да добијат поголема минутажа, а со тоа и искуство, кои ќе придонесе уште повеќе да напредуваат во својата игра. Ваквата одлука е донесена во договор со управата и стручниот штаб на клубот, а пред сѐ во интерес на двајцата кошаркари.
По крајот на сезоната, Митев и Мамузиќ ќе се вратат во таборот на МЗТ Скопје Аеродром каде што ќе продолжат да ги одработуваат повеќегодишните договори со актуелниот шампион.

Најново во Кошарка