По неуспехот против Крка

МЗТ „раскина“ со Јончевски

Оставката која ја достави стратегот е усвоена од страна на раководството на „металците", а како привремени решенија ќе бидат поставени Горан Крстевски и Александар Књазев

објавено: 14 ноември 2016 - 17:58

Александар Јончевски не е повеќе тренер на МЗТ Скопје. Актуелниот кошаркарски првак остана без својот предводник по лошите настапи под негово водство, а чашата беше прелеана со вчерашниот пораз од Крка.

Ваквата одлука, Јончевски ја донесе денеска, а истата беше прифатена од раководството на МЗТ Скопје. Во моментите додека се во потрага на тренер, „металците“ ќе бидат водени од Горан Крстевски и Александар Књазев.

Под водство на досегашниот тренер, МЗТ имаше скор од две победи и девет порази. Привременото тренерско дуо ќе го води тимот во мечот против Лиеткабелис кој се игра за два дена во Скопје.

Најново во Кошарка