Српскиот интернационалец ќе дебитира на вечното дерби

МЗТ си има „црно на бело“ за Мијатовиќ

МЗТ Скопје го потврди кам-бекот на Данило Мијатовиќ. Српскиот интернационалец утре ќе дебитира на дуелот против Работнички. 

објавено: 24 март 2017 - 13:53

Данило Мијатовиќ  од денеска и официјално е член на МЗТ Скопје, откако македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја потврди неговата регистрација, потврдија од таборот на актуелниот шампион. 

„Искусниот крилен центар пред истекот на преодниот рок беше ставен на пријавната листа на македонскиот шампион, но со заддршка дека неговиот трансфер би бил потврден само ако добие статус на слободен играч, што и се случи во четвртокот. Со неговиот ангажман ќе се пополни празнината во играта под кошевите по заминувањето на Даниел Кларк и на Џош Скот, а тренерот Анте Назор ќе добие уште еден квалитетен висок кошаркар, кој ќе им биде од голема помош на Јуре Лалиќ и на Љубомир Младеновски“, се вели на официјалниот сајт на МЗТ Скопје. 

Мијатовиќ (кој во 2015 година дојде во МЗТ Скопје) второ деби во сино-белиот дрес ќе го има утре на вечното дерби против Работнички, кое е закажано во салата „Јане Сандански" со почеток во 18 часот.

Најново во Кошарка