СРБИНОТ ВО АУТ, РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СЕ ВРАЌА

МЗТ Скопје без Нешовиќ, но со Трајковски и Бојиќ против Блокотехна

МЗТ Скопје на жешкиот дуел против Блокотехна (18:30 часот), ќе настапиме без повредениот Алексеј Нешовиќ, но со Бојан Трајковски.

објавено: 4 април 2018 - 15:51

МЗТ Скопје на жешкиот дуел против Блокотехна (18:30 часот), ќе настапиме без повредениот Алексеј Нешовиќ, но со Бојан Трајковски.

Српскиот плејмејкер на вчерашниот тренинг го повреди коленото и сигурно нема да игра во Гевгелија. По деталните лекарски прегледи ќе се знае колку е сериозна неговата повреда и колку ќе трае неговата пауза. Во составот се очекува да дебитира неговиот сонародник Андрија Бојиќ, а по повеќе од еден месец на теренот се очекува да се најде и репрезентативецот Бојан Трајковски.

Бранителот на титулата на овој меч првпат ќе биде предводен од Ѓорѓи Кочов, кој до сега работеше како помошник на Жељко Лукајиќ, кој вчера, од приватни причини, си замина.

Предвиден е телевизиски пренос на собранискиот сервис на Македонската телевизија (МТВ).

Најново во Кошарка