ШАМПИОНОТ И НАТАМУ СО ПРОБЛЕМИ

МЗТ Скопје без тројца играчи против Гостивар

МЗТ Скопје на дуелот против Гостивар, меч од третото коло во Супер-лигата во составот ќе ги нема капитенот Дамјан Стојановски, Андреј Маслинко и Алексеј Нешовиќ. 

објавено: 10 април 2018 - 13:51

МЗТ Скопје против незгодниот дебитант Гостивар ќе бара третата победа во низа во Супер-лигата и воедно ќе сака да му се одмазди за поразот во регуларниот дел од сезоната на гостински терен.

Бранителот на шампионската титула и на овој меч нема да настапи комплетен. Тренерот Ѓорѓи Кочов на располагање ќе го нема капитенот Дамјан Стојановски, кој доби удар во коленото на претходниот дуел со Блокотехна и ќе биде во аут и за дербито со Работнички.

Средбата ќе ја пропуштат и Андреј Маслинко и Алексеј Нешовиќ, кои се очекува по овој дуел да му се стават на располагање на стручниот штаб.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Гостивар ќе се игра во малата сала во „Јане Сандански“, а влезот ќе чини 50 денари. 

Најново во Кошарка