ВЕЧНИТЕ ЌЕ СЕ ИЗНАЧЕКААТ

МЗТ Скопје и Работнички ќе се сретнат дури во декември

Љубителите на кошарката до првата градска пресметка сезонава ќе мора да почекаат уште два месеци. МЗТ Скопје ќе го пречека Работнички на втори декември во рамките на 10. коло.    

објавено: 4 октомври 2017 - 16:50

Овој викенд стартува Првата лига, за разлика од претходните сезони овој пат нема да бидат поштедени екипите кои се натпреваруваат во АБА-лигата и ФИБА Европа Куп. За клубовите кои имаат плус обврски ова ќе биде дополнителен товар, но за љубителите на кошарката одлична одлука - првенството ќе биде многу поинтересно.

Во историјата на македонската кошарка дуелот меѓу МЗТ Скопје и Работнички секогаш бил во центарот на вниманието. Но, фановите на двете екипи ќе треба да чекаат два месеци до првата градска пресметка. Актуелниот шампион ќе биде домаќин на овој меч, кој треба да се одигра на втори декември во рамките на 10. коло.

За потсетување и првата рунда нуди интересни мечеви: МЗТ Скопје го пречекува Карпош Соколи, Работнички е гостин кај Куманово, а додека во Гевгелија силите ќе ги одмерат Кожув и Блокотехна. Во останате двојки ќе се сретнат: Пелистер - Шкупи, Струмица - Охрид и Фени Индустри - Гостивар.  

Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи најверојатно ќе биде одигран на 12 октомври поради обврските на шампионот во АБА-лигата, кој што в понеделник (9 октомври) на домашен терен ќе ги одмери силите со хрватски Задар.

Комплетниот распоред може да го видите на овој ЛИНК. 

Најново во Кошарка