ЕЛИМИНИРАН И ЛАНСКИОТ КУП- ФИНАЛИСТ, ФЕНИ ИНДУСТРИ

МЗТ Скопје не се однесуваше како вистински „гостин" во „Јасмин"

Беа убедливи и во провото полувреме, но „металците" го зададоа главниот удар во четвртфиналето со Фени Индустри во вториот дел од играта, кога им дозволија да реализираат само 19. поени, за конечни (115:68).

објавено: 16 февруари 2018 - 19:54

Беа убедливи и во провото полувреме, но „металците" го зададоа главниот удар во четвртфиналето со Фени Индустри во вториот дел од играта, кога им дозволија да реализираат само 19. поени, за конечни (115:68).

МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИ ИНДУСТРИ 115:68 (34-28; 30-21; 27-12; 24-7)

Шутерски одлично прво полувреме имаше МЗТ Скопје на дуелот во „Јасмин", „сино-белите" реализираа дури 12 тројки од само 18 обиди, па не чуди воопшто што до полувремето стигнаа до бројката од 64 реализирани поени (Фени Индустри имаше 49).


Но разликата од 15 поени, фавориот ја удвои во оној трет период од играта, по кој стана јасно дека условно кажано „домаќинот" на турнирот, нема сили да го повторни ланскиот успех, кога во едни други „околности", изненади, стигна до финалето на Купот, во кое беше поразен од Карпош Соколи.
На тој нашин уште во првиот натпреварувачки ден во кавадарци, Купот остана без двата клуба финалисти.
МЗТ Скопје не ја реализираше ниту желбата на тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски кој побара, доколку веќе „бира", да игра против условно кажано, послабиот ривал, во овој случај – Фени Индустри.
За кавадарчани и самото појавување и игра која ја прикажаа во овие 40. минути е само по себе успех, макар што крајнито резултат не им оди в прилог на некои такви констатации.
Реалноста е сепак таа, МЗТ скопје е нешто „сосема друго" во однос на Фени Индустри барем сега.

 

Најново во Кошарка