СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО

МЗТ СКОПЈЕ ПОТВРДИ: Мекиќ го напушти тимот

Она што „Спортмедиа“ вчера го најави, од таборот на македонскиот шампион пред малку го официјализираа. Адем Мекиќ и МЗТ Скопје потпиша договорен раскин на соработката. 

објавено: 13 ноември 2017 - 16:49

Она што „Спортмедиа" вчера го најави, од таборот на македонскиот шампион пред малку го официјализираа. Адем Мекиќ и МЗТ Скопје потпиша договорен раскин на соработката.

„Ова доаѓа на барање на кошаркарот, со желба да замине во средина каде што би имал поголема минутажа. Мекиќ настапи на четири средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата сезонава, со просек од три поени за 17 минути кои ги минуваше на паркетот. Нешто поголем му е уделот во средбите од домашниот шампионат, каде што просечно реализираше седум поени со 2,5 скока.
За македонскиот репрезентативец ова беше четврта сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Управата и стручниот штаб на клубот му посакуваат сѐ најдобро во понатамошната кариера“, се вели во известувањето на МЗТ Скопје. 

Неофицијално, најзаинтересирани за неговите услуги биле претставниците на Куманово, кои и изразиле подготвеност да му го дадат она што Мекиќ го нема(л) во изминатиот период во МЗТ Скопје, можност за докажување.

Најново во Кошарка