СРЕЌА НА 13-КА ЗА ШАМПИОНОТ

МЗТ Скопје се мачеше со Фени Индустри

МЗТ Скопје дојде до 13 победа во домашниот шампионат, откако на домашен терен го совлада со 82:75.

објавено: 13 март 2018 - 19:37

Добрата игра во последната четвртина на МЗТ Скопје му го донесе 13. триумф во домашниот шампионат. Бранителот на титулата во првите 30. минути виде мака против Фени Индустри, но потоа со серија од 14-4 успеа да се одлепи резултатски и на крајот да слави со 82:75 (24-21, 25-25, 14-14, 19-15) во последниот меч од 18. коло.

Триото Спасојевиќ, Лалиќ и Стојановски беа креатори на победничката серија на МЗТ Скопје, кој се наоѓа на третото место на табелата зад Блокотехна и лидерот Работнички. 

Дамјан Стојановски беше прв стрелец со 19 поени и 8 скока, зад него беше Јуре Лалиќ со дабл-дабл од 17 поени и 10 скока, додека Радосав Спасојевиќ имаше 14 поени.

Најново во Кошарка