СОСЕМА ПОРАЗЛИЧНА СЛИКА ОД ПРЕД ДВА ДЕНА

МЗТ заигра одбрана и ја победи Блокотехна

Засега домашниот терен се покажува како голема предност во ова полуфинале. МЗТ во вторник оди по свпето седмо финале по ред

објавено: 13 мај 2018 - 19:50

Само два дена откако прими 106 поени од Блокотехна, вечерва МЗТ Скопје Аеродром истиот противник го запре на 72, и со триумф од 89:72 поведе со 2-1 во полуфиналнатга серија од плејофот во македонското првенство. Првата меч-топка, МЗТ ја има во вторник на гостински терен.
Блокотехна поведе со 0-6, но МЗТ одговори со фуриозна серија од 17-2, а во 9. минута, „металците" дојдоа и до првата двоцифрена предност (21-11).
Неиграњето на Марко Симоновски, кој поради пукнато ребро, ќе отсуствува најмалку десетина дена и ќе го пропушти и стартот на евентуалното финале на МЗТ, мораше да се покрие со одбрана и инспирација на Дамјан Стојановски. Капитенот беше клучен играч на МЗТ во првото полувреме, кое домашните го добија со 12 поени разлика. Нападот на „штрковите" не блескаше, но одбраната беше многу подобра, ја натераа Блокотехна да има 11 загубени топки во првото пллувреме.
Гостите отворија со 8-2, Блокотехна во овој квартал многу ја подобри ефикасноста, Младеновиќ и Нешовиќ влегоа во конфликтна ситуација, но страстите брзо се смирија, а судиите доделија по неколку технички на двете страни.


Првиот кош во последната четвртина го постигнаа гевгеличани, кои намалија на минус осум, но МЗТ направи серија од 9-0, а во 35 минута, водството се искачи на 78-58 и веќе немаше дилеми кој ќе слави. Нешовиќ и Пенов беа оние „икс фактор" играчи кои му помогнаа на МЗТ, особено во одбраната. Според ефикасноста, Бојиќ со 22 поени беше најрасположен во победничкиот тим, а Соколов даде пет тројки и заврши со 15 поени.
Кај Блокотехна, се истакна Мијатовиќ со 17, а Младеновиќ даде 14.

Најново во Кошарка