Спортот е пред се дружење и пријателство

На младите светот останува, го докажаа тоа и децата од Водњански Лисици и Баскет КАМ (ФОТО)

Оваа максима се потврди уште еднаш, со дружење, и со еден заеднички ручек по одигрувањето на двата меѓyсебни меча...

објавено: 14 мај 2018 - 14:00

Оваа максима се потврди уште еднаш, со дружење, и со еден заеднички ручек по одигрувањето на двата меѓyсебни меча.

Во групата „Б" од кошаркарската младинска лига до 12 години, кои ги добија Водњански Лисици од Скопје против дебитантот во оваа конкуренција Баскет Кам од Македонска Каменица.

На детската радост и муабети,проследени со меѓусебна почит, смеење и искреност, им немаше крај, во двете дружења на талентираните кошаркари од двата тима, дружења кои траеја близу до два часа, прво во "Мотел Мерак" близу Македонска Каменица, а потоа и во ресторантот "Крезмак" во Скопје).

Битни се и резултатите, но за нив има време. А времето на успеси допрва ќе доаѓа за овие момци...

Најново во Кошарка