И Работнички се активира

Во „Градски парк“ на ред е Чековски!

Откако ја обнови соработката со Димитар Мираковски и Диме Тасовски, во наредните денови „црвено-белите" сакаат истото да го сторат и со својот најкорисен играч во изминатиот период.

објавено: 6 јули 2016 - 12:57

Полека, но би се рекло сигурно, актуелното раководство на Работнички ги реализира планираните активности кои се поврзани со креирање на играчкиот ростер за наредната натпреварувачка сезона.

„Обновена е соработката со Димитар Мираковски и со Диме Тасовски. А настојуваме во следните денови да то реаализираме и договорот со Ѓорѓи Чековски, што и беа некои наши приоритети во оој прв дел од трансфер периодот"- потврдува претседателот на Работнички, Ристо Гапиќ.

Барем засега, нема најава околу тоа кој би можел да биде наследникот на Кичевски на првата директорска функција.

„Клупското раководство се труди да најде адекватно решение за оваа позиција,. Се надевам дека наскоро и ќе излеземе со некој конкретен став, односно решение. Имаме, разгледуваме неколку опции. Жал ни е што Кичевски заминува, му посакуваме се најдобро во неговите наредни ангажмани. Но тоа е тоа животот продолжува, исто како што ние кои остануваме продолжуваме Работнички да го поставиме онаму каде што и му е и местото, на врвот на македонската кошарка" - дополнува Гапиќ.

Најново во Кошарка