СКОПЈЕ ДЕСЕТ ПАТИ БИЛ ДОМАЌИН, КАВАДАРЦИ ПЕТ, ОХРИД ЧЕТИРИ

На секои десет години, Купот се игра во Кавадарци

Ако се остане според најавите на МКФ, и финалниот турнир се игра во Кавадарци, „градот на лозарите“ годинава ќе одбележи 20. годишнина од првиот машки Куп во „Јасмин".

објавено: 5 февруари 2018 - 18:15

Историјатот на завршниците од Купот на Македонија за мажи, покажува дека најчесто турнирите се играле во Скопје, и тоа десет пати, последен пат во 2015 година во големата сала на СЦ „Јане Сандански".

Охрид четири пати бил домаќин, додека сега второто место го зазеде Кавадарци. Градот на лозарите годинава одбележува 20. годишнина од првиот машки Куп во „Јасмин".

Во таа 1998 година, во легендарното финале, Работнички ја совлада Орка. Наредната 1999 година, МЗТ Бос го освои трофејот, со победа над Николферт.
Пред десет години, на во финалето на Купот во 2008 година, Фени индустри на драматичен начин ја победи Струмица, и тоа беше прва и огромна радост за кавадарчани.

Четврти пат, Купот во Кавадарци се играше минатата година, со прв трофеј на Карпош соколи во историјата на клубот. Како ќе биде годинава, останува да се види. Неизвесноста е загарантирана, нема фаворит кој се истакнува и отскокнува од другите.
Она што пред да почне новото изданеи на „Фајнал-ејт“ турнирот, е доста важно прашање е зошто немаше ждрепка з анатпреварувачките двојки, во овој случај, четвртфиналните? 

Не знаеме од кои причини, но факт е дека МКФ одлучи да нема ждрепка, туку „костурот“ да се формира според пласманот на екипите од првиот дел од лигата (средина на шампионатот беше 11. коло).

И зошто шанса не добија другите прволигаши, секако и второлигаши. Дали веќе не држи онаа старата, дека Купот е најмасовното клупско натпреварување и кај нас?

Дали со ова се крши Правилникот за Куп?
Според Членот 1.6, двојките за финалниот турнир се одредуваат со ждребување. За финален турнир со 8 екипи, екипите се распоредуваат во две групи по четири екипи, според пласманот од првиот дел од првенството во тековната сезона, така што екипа од едната група игра против екипа од другата група.
Интересно е што лани имаше ждрепка, а истотака се играше финален турнир со осум тима кај мажите, додека во 2016 година кога завршницата се играше во Гевгелија, немаше ждрепка, туку исто како годинава двојките се одредија според пласманот.

Вака испаѓа дека како ќе му текне на раководството на МКФ така ги одредува двојките.

 

Најново во Кошарка