не се менува ништо во мак-баскетот

НА СРЕД СЕЗОНА ОДЛУЧЕНО: Нема испаѓање од елитата, барем не оваа сезона

Првата лига и во следната сезона ќе брои 12 екипи, а ниту една екипа нема директно да се пресели во понизок ранг на крајот од сегашното првенство, реши Управниот одбор (УО) на МКФ.

објавено: 16 ноември 2018 - 16:27

Првата лига и во следната сезона ќе брои 12 екипи, а ниту една екипа нема директно да се пресели во понизок ранг на крајот од сегашното првенство, реши Управниот одбор (УО) на МКФ.
Управниот Одбор при Македонската кошаркарска федерација ги донесе следните заклучоци:
-Сезона 2018/2019 да се игра со систем бергер од 12 екипи и покрај тоа што се натпреваруваат 11 екипи. Дванаесеттиот испаѓа од прва лига директно, а единаесеттиот игра бараж (само со домашни играчи) со второпласираната екипа од втора лига. Првопласираната екипа од втора лига влегува директно во прва лига за следната сезона.
-Сезона 2019/2020 да се игра со систем бергер од 12 екипи. Дванаесеттиот испаѓа директно, а единаесеттиот игра бараж (само со домашни играчи) со второ пласираната екипа од втора лига. Првопласираната екипа од втора лига влегува директно во прва лига за следната сезона.

-За сезона 2020/2021 да се изработи предлог со намалување на бројот на екипи на 10 и начинот на влез и излез од прва лига. Исто така да се изработи и предлог за системот во втора и евентуално трета лига.

Најново во Кошарка