Нацевски се врати во Кожув

Екс младинскиот репрезентативец на Mакедонија одлучи повторно да го облече црвено-белиот дрес на прволигашот од Гевгелија.

објавено: 7 декември 2017 - 17:30

Некогашниот младински репрезентативец, Даниел Нацевски е нов играч на гевгелиски Кожув.

Високиот бек се согласил на условите кои пред него ги постави новиот раководен тим на „црвено-белите“ од Гевгелија.

Па до крајот на оваа сезона же му помогне на клубот во кој играше и во текот на ланската. Со забелешка дека оној втор дел од истата го помина во скопски Вардар. 

Екипата на Кожув „испилива“ од оние финасиски проблеми кои ги имаше пред почетокот на овој натпреварувачки дел, и практично во чекори го формира потребниот играчки ростер.

За очекување е дека во наредните денови гевгеличани ќе се засилат и на позицијата „четири“ која во овој момент е и најдефицитарна. 

Најново во Кошарка