ВЕТЕРАНОТ БЛЕСКАШЕ ВИКЕНДОВ ВО ОХРИД

Награда во вистински раце: Мираковски го загуби финалето, но го доби признанието за МВП на турнирот!

објавено: 27 септември 2015 - 21:20

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Димитар Мираковски, не успеа да го одведе Работнички до пехарот во „Хуавеј Суперкупот“, разбирливо поради шарениот и драстично подмладен тим, но од Охрид си заминува со драгоцено признание, наменето за најкорисниот, МВП-играч на турнирот.

Популарниот Мите блескаше во полуфиналето, кога беше лидер во вистинската смисла на зборот во победата над Кожув со 14 поени и осум асистенции, а одлично одигра и во финалето против МЗТ Скопје, каде што беше најдобар стрелец во својата екипа со 16 поени.

По мечот за трофејот награда доби и бекот на „металците“, Ѓорѓи Дреновац како најдобар стрелец на Суперкуп-викендот со 34 постигнати поени.

Најново во Кошарка