НОВО ИМЕ ЗА ЕКИПАТА ОД „ГРАДСКИ ПАРК“

НАЈТРОФЕЈНИОТ СЕ ЗАСИЛУВА: Бојан Крстевски е нов играч на Работнички

Репрезентативецот потпиша за клубот кој сака да создаде тим и за настап во Европа

објавено: 22 јуни 2017 - 09:30

Македонскиот репрезентативец Бојан Крстевски во следната сезона ќе биде нов играч на Работнички. Крилниот центар се договори со најтрофејниот тим во Македонија и доаѓа во „Градски парк“.

Работнички најави дека ќе прави конкурентен тим не само за домашна сцена, туку и за Европа. Планот е Работнички да игра во квалификациите за Лигата на шампиони на ФИБА. Крстевски ја започна кариерата во Работнички, а потоа играше и за Вардар, Торус, па потоа и во грчка Кавала, а минатата сезона го носеше дресот на екипата на Кожуф од Гевгелија.

 

Најново во Кошарка