БЛЕСКАВА ЗАВРШНИЦА НА КУМАНОВО

Навистина „топло" за кумановци во Негорски бањи

По втор пат во деви сезоната Блокотехна е пораена на домашен терен во салата во Негорски Бањи. Куманово беше подобар (83:77)...

објавено: 24 март 2018 - 14:55

Патот кон еден таков мал подвиг го трасираа кошаркаритр на Куманово.

Долго време се бранеа од нападите на домашните кошаркари. А потоа, во последната четвртина вистинска кумановска „експлозија" се случи во Негорци.
Реализираше тимот на Александар Петровиќ дури 37 поени, или многу повеќе во целото прво полувреме (само 27)
Блокотехна – Куманово 77:83 (21-14; 11-13; 21-19; 24-37)
Двејн Бенџамин имаше одлична прва четвртина во која реализираше 10. Поени или скоро половина од поените на Блокотехна која во финишот на тој период направи серија (8-2), за водство од (21:14).
Првите четири минути од втората беа за кумановци кои со своја серија (8-0) се вратија во водство, (22:21).
Со „краток век", затоа што поентерски се отвори Казарновски (со 11. поени до истекот н полувремето). Но и Ковач покажа дека е одличен стрелец, па ги остави гостите во „близина" на егал резултат (27:29) по 17 минути игра во салата во Негорски бањи.
А тоа крајно лошо, пред се поентерско прво полувреме заврши со тројката на Мијатовиќ (први поени за него на мечот) за плус 5 на гевгеличани (32:27).

По одморот, во пет минути Блокотехна дополни уште толку поени во позитивата, па таа стана двоцифрена (44:34). Младеновиќ даде две (од трите свои тројки).

Куманово не се предаде, до истекот на третиот период, намалија три поени од негативата (46:53), а во последниот дури и го свртеа разултатото во своја корист.
Гостите од Куманово поведоа во 33.минута, макар и минимално (56:55) по поентирањето на Стајиќ. Потоа и со (61:60) кога Ѓекиќ погоди тројка, но до крајот на дербито на ова 21.коло, останаа да се одиграат големи, долги пет и пол минути.
Не стигна реакција од клупата на Блокотехна, па серијата на погодени тројки, Куманово отиде и на (20-7) во четвртината, за водството да биде и најголемо (66:60).
Сепак, со својата четврта тројка на мечот, ја прекина Младеновиќ, за (63:66). Но кога веќе ги наместија „нишанските справи" кумановските „сино-бели" едноставно не знаеја да застанат, Продолжија да погодуваат, скоро од сите позиции, на крајот стигна наградата. Победа од (83:77), со која се тука заедно со МЗТ Скопје.
Блокотехна останува на позицијата број 2, но овој втор домашен пораз, (по оној од Работнички) е опомена плус за гевгелискиот состав пред она што следува – Суперлигата.
Одличната реализација во шутот за три поени (14/24) на крајот и го реши победникот. Но Ковач, макар и како резервист го водеше тимот на Куманово кон успехот со 18. реализации. Една помалку имаше Караџовски, Ѓекиќ даде 14, а Стајиќ уште 12 поени кај победникот.
Една „петорка" на „двоцифрени" играчи имаше и во составот на Блокотехна. Но од оние стандардни "први пет" Главчев (во минаотто коло имаше трипл-дабл ефект) застана на само два поени.
Младеновиќ постигна 25, Ѓуроски како играч од клупата 14, еден помалку даде Казарновски, а по десет Мијатовиќ и Двејн Бенџамин, интересно, сите во првата четвртина.

 

Најново во Кошарка