МЗТ И К.СОКОЛИ ВО ФИНАЛНА БИТКА БР.2

Назор: Ако го префрлиме притисокот на Соколи, лесно ќе дојдеме до 2-0

По тесниот триумф на домашен терен, МЗТ Скопје вечерва (20 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се обиде да дојде до втората победа и да се најде на чекор до шестата титулата во низа. На другата страна Карпош Соколи сака одмазда. 

објавено: 16 мај 2017 - 14:50

Првата финална пресметка меѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи ги оправда очекувањата, барем во делот дека битката за титулата по долго време ќе биде доста интересна. „Штрковите“ извлекоа тесна победа и вечерва на гостински терен ќе се обидат да дојдат до нов триумф, со кој тимот од Аердром ќе се најде на чекор до шестата круна во низа. 

И овој пат нема да биде лесно. Анте Назор и неговите избраници се свесни дека Карпош Соколи е гладен за одмазда, а домашниот терен ги прави фаворити. 

„Првиот натпревар со Карпош Соколи беше неизвесен и исцрпувачки, нешто што и очекувавме од една финална пресметка. Многу време за одмор немавме и моја желба е на вечерашниот дуел во текот на сите 40 минути да одиграме како во последната четвртина од средбата во која победивме. Дури тогаш бевме оние вистинските, нешто кон што треба да се стремиме во мечот кој е пред нас. Мора да бидеме агресивни, да внимаваме на нивната транзиција и шут од далечина, а истовремено да бидеме трпеливи во нападот, каде што максимално мора да му веруваме на системот. Противникот е опасен и секое и најмало опуштање може скапо да нѐ чини. Важно е да се почне добро натпреварот и уште од стартот да се префрли притисокот на противникот. Ако успееме во тоа тогаш ќе бидеме многу поблиску до посакуваната цел, а тоа е водство со 2-0 во финалната серија", изјави хрватскиот стратег на клупата на актуелниот македонски шампион.

Најново во Кошарка