ДИМИТАР МИРАКОВСКИ КОНЕЧНО ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА

Не гледам за себе, туку за Работнички!

Иако последните два меча од финалето „ги престроја" на клупата за резервни играчи, и беше од голема помош на стручниот штаб, секако, немерлив е ефектот на струмичанецот во оваа 15.титула за Работнички

објавено: 25 мај 2018 - 23:11

Верувале или не, ова е прва шампионска титула во кариерата на еден од најдолговечните играчи во поновата историја на македонската клупска кошарка - Димитар Мираковски.

Иако последните два меча од финалето „ги престроја“ на клупата за резервни играчи, и беше од голема помош на стручниот штаб, секако, немерлив е ефектот на струмичанецот во оваа 15.титула за Работнички

„После две тешки повреди и многу неизвесни моменти во кариерата, ова дефинитивно е најубавиот сегмент. И не толку за себе лично, туку за Работнички. Во миговите кога ми беше најтешко, си велев дека ќе продолжам и дека еден ден ќе ја вратиме титулата во 'Градски парк'.

Драго ми е што сега успеавме во тоа, и мислам дека со прикажаните игри потполно го заслуживме пехарот", изјави Димитар Мираковски.

Најново во Кошарка