ГЕВГЕЛИЧАНИ НАЈДОА ЗАМЕНА ЗА „ПОБЕГНАТИОТ“ АМЕРИКАНЕЦ

Некогашен талент на Звезда го засилува Кожув

Гевгелискиот клуб во бековската линија ангажира уште еден Србин, Петар Воркапиќ

објавено: 14 декември 2017 - 19:00

Петар Воркапиќ е нов член на гевгелиски Кожув. Станува збор за 22-годишен српски бек, висок 192 сантиметри, кој во претходните две сезони играше за Слога Краљево.

Во минатата сезона, Воркапиќ во дресот на Слога во српското првенство имаше просек од 10,3 поени, 4,1 скока и 4,2 асистенции за 31 минута по натпревар.

Пред тоа бил член и на ФМП Железник (како позајмен од Црвена Звезда) и Напредак Алексинац, а потекнува од младинскиот тим на Црвена Звезда.
Неодамна од клубот си замина Американецот Марк Хил, па после мечот со МЗТ, кој очекувано беше загубен, донесена е замена за Хил. Воркапиќ бил и репрезентативец на Србија за кошаркари до 16 години, и има играно за јуниорскиот тим на Ц. Звезда во младинската Евролига.

Најново во Кошарка