Руски центар кај дебитантот

Некрасов ќе го штити рекетот на АВ Охрид

објавено: 3 декември 2016 - 09:31

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид се засили на центарската позиција пред мечот со Струмица во четвртата рунда од Првата лига, доведувајќи го Дмитри Некрасов во своите редови.

Рускиот кошаркар, висок (213 см) ќе биде од голема помош за охридската екипа во рекетот.

Овој 30. годишeн кошаркар одработи десетина тренинзи со соиграчите, ги задоволи критериумите на стручниот штаб на АВ Охрид предводен од тренерот Перо Чочороски,  и ќе биде во ростерот за натпреварот со Струмица кој ќе се одигра в сабота со почеток во 18.30 часот.

„Атмосферата е добра во екипата и момците многу добро ме прифатија. Со нетрпение го чекам натпреварот со Струмица на кој ќе дебитирам и сакам да и помогнам што повеќе на екипата“ - најавува кратко Некрасов, кој се има школувано во Америка, а во 2008 се појавил на НБА драфтот.

Во Охрид доаѓа од тимот на Буревестник кој се натпреварува во руската лига.

Рускиот интернационалец е четврто ново име во охридскиот состав, откако претходно „галебите“ ги ангажираа Милојко Василиќ, Лука Милојевиќ и Саша Ѓорѓевиќ.

Најново во Кошарка