ЗДРУЖЕНИЕТО НЕ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛOГОТ НА УО НА МКФ

Нема проширување на Првата лига

Ако се откаже Кожув, елитата ќе брои девет клубови, а тие ќе треба да платат котизација од 615.000 денари на две рати.

објавено: 12 септември 2017 - 15:33

Прволигашкото Здружение не го прифаќа предлогот на УО на МКФ, во наредната натпреварувачка сезона Првата лига да брои 12 екипи-учесници.

На седницата на Здружението на која беа присутни претставници на седум клубови (недостасуваа претставниците на Струмица, Гостивар и Работнички), донесен е заклучок дека во новата напреварувачка сезона Првата лига треба да брои 10 клубови, односно онолку колку што беа планирани и по завршувањето на минатата сезона.
Подршка на предлогот на Управниот Одбор на МКФ, за проширување на Првата лига на 12 клубови во сезоната 2017/2018, дадоа екипите на Блокотехна, АВ Охрид и Фени индустри. Додека пак екипите на МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Куманово и Кожув беа против ваквиот начин на проширување на елитната дивизија во македонската клупска кошарка.
Освен ова, беше донесена одлука на УО на МКФ да се предложи плаќање на котизацијата од 615.000 денари на две рати, со забелешка дека првиот дел треба да биде подмирен до 20. септември, а вториот до пред почетокот на Суперлигата.
Секако како соодветна помош за прволигашките клубови околу финансирањето на сезоната која треба да стартува на 7. октомври.
Околу тој дел, беше споменато дека ако екипата на Кожув, која се соочува со проблеми од тој вид, се откаже пред почетокот на првенството, тогаш ќе нема проширување, и Првата лига ќе продолжи со девет екипи.

Најново во Кошарка