РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНОВИТЕ НА РАКОВОДСТВОТО НА МЗТ

Нема веќе црвени столчиња во „Јане Сандански"!

Почнувајќи од вечерашниот дуел со Гостивар (18 часот) во склоп на 3. коло од Суперлигата, црвените столчиња во салата „Јане Сандански" дефинитивно заминуваат во историјата, кога станува збор за натпреварите на МЗТ Скопје Аеродром во оваа сала.

објавено: 11 април 2018 - 17:43

Почнувајќи од вечерашниот дуел со Гостивар (18 часот) во рамките на 3. коло од Суперлигата, црвените столчиња во салата „Јане Сандански" дефинитивно заминуваат во историјата, кога станува збор за натпреварите на МЗТ Скопје Аеродром во оваа сала.

Денеска финишира поставувањето прекривки врз седиштата, кои во минатото беа камен на сопнување во односите со навивачката група Фемили. Првата фаза на оваа „операција" почна во јануари, а кулминацијата ќе се случи вечерва во малата сала, каде што на пресметката со гостиварци за првпат ќе нема ниту едно црвено столче на трибините.

Истото ќе биде и на секоја идна средба на сино-белите без разлика дали ќе играат во малата или во големата сала во спортскиот комплекс во населбата Аеродром. Воедно, ова е и мотив повеќе и за играчите и за навивачите во пресрет на вечното дерби против Работнички, закажано за в сабота во „Градски парк"

Истовремено, ова е и уште една потврда на решеноста на управата на клубот да ги исправи односите со најверните навивачи, кои се исклучително важна за раководството со цел кошаркарите да ја добијат сета неопходна помош во обидот да се оствари посакуваната цел, а тоа е освојување на шампионската титула.

Најново во Кошарка