Штрајкот завршува

Немало криза во Работнички, проблемот бил административен

По долгиот молк, Општина Центар конечно се огласи за случајот Работнички. Најтрофејниот кошаркарски колектив не бил во криза, платите не биле подмирени поради административни проблеми, а кошаркарите од веќе утре може да почнат со подготовките за продолжението од сезоната.. 

објавено: 11 јануари 2017 - 23:34

Иднината на Работнички е во сигурни раце. Кошаркарите, стручниот штаб и фановите на овој клуб не треба да се грижат, платите веднаш ќе им бидат исплатени, велат од Општина Центар во своето соопштение. Проблемот бил чисто административен и истиот бил надминат, во иднина тимот од „Градски парк“ нема да ги доживее овие лоши денови.  

„Општина Центар ја информира јавноста дека постапката за трансфер на средства од буџетот за КК "Работнички" е завршена и клубот од денес ги подмирува обврските .

Уште еднаш потсетуваме дека проблемот беше од чисто административен карактер и дека тој e надминат. Тренинзите продолжуваат со нормалната динамика, а по усвоениот Буџет за 2017 година, отстранети се сите пречки за проблемите да не се јават во иднина. "Работнички" во моментов е прв на табелата и се очекува со успех да продолжи со сите натпреварувања после повеќе години на потпросечни резултати.

За општина Центар, КК "Работнички" и натаму ќе биде приоритет а поддршката ќе остане силна и во иднина“, се вели во соопштението на општина Центар.

Најново во Кошарка