ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО ТЕСНО, ОСТАНАА БЕЗ ПЛЕЈМЕЈКЕР

НЕМОЈ ДА ИМАШ ПРЕГОЛЕМА ДОВЕРБА: Американецот Хил „побегна" од Кожув

Најдобриот стрелец на „црвено-белите", крајно непрофесионално во текот на утрото си заминал од Гевгелија без да информира било кој од раководството на Кожув, и го остави тимот на цедило пред вечерашниот дуел со екипата на МЗТ Скопје.

објавено: 12 декември 2017 - 16:02

Американецот Марк Хил нема да биде дел од екипата на Кожув која за неполни 90.минути ќе го почне дуелот од 9. коло од Првата лига против екипата на МЗТ Скопје.

Раководството на Кожув остана изненадено кога дозна дека американскиот плејмејкер решил да ја напушти Гевгелија и во раните утрински часови да замине во непознат правец.

„Навистина еден крајно некоректен потег од страна на Хил. Му беа исплатени сите плати откако дојде во нашиот клуб. Нема никаква причина за еден таков непрофесионален потег. Ние како клуб нема тука да застанеме. Не гледаме ама баш никаква причина за еден таков однос на Американецот кон нашиот клуб" - велат од раководниот тим на Кожув за овој неочекуван потег на Хил.

По доаѓањето во Гевгелија, американскиот организарор на играта одигра три мечеви и стигна до тоа да биде најдобриот поентер во тимот кој го води младиот тренер Павле Николов.
Во просек, за 35.минути во игра, реализираше по 22.3 поени, а имаше и по 4. скока и 3.7 асистенции.

Најново во Кошарка