КУКУЛЕКИДИС ОДБИ ДА ПРИМИ МЕДАЛ

Неочекувано: Кожув ангажира грчки тренер кој пред осум години направи голем скандал во Купот!

Двете победи по ред во само неколку дена не беа доволни управата на Кожув да му даде целосна доверба на долгогодишниот помошник Иле Ефтимов, заклучок кој се наметнува по официјалната потврда од Гевгелија дека нов предводник на тимот на 55-годишниот грчки стратег – Стратос Кукулекидис.

објавено: 10 ноември 2015 - 21:51

Станува збор за име добро познато во македонската кошаркарска јавност, но не баш по добро бидејќи во 2007 година, каде предводник на Струмица, беше суспендиран на 18 месеци откако одби да присуствува на завршната церемонија од фајналејт-турнирот во Купот на Македонија и да го прими сребрениот медал. Истовремено, поради своето неспортско однесување пред крајот на финалниот меч со Вардар, кој се одигра во Битола, беше суспендиран на десет меча и парично казнет со 50.000 денари.

Кукулекидис доаѓа на местото на Боби Митев, кој доби отказ минатата недела по серија од пет порази по ред – три во домашниот шампионат и две во БИБЛ-лигата. Потоа следуваа два триумфа, против Бест и Берое со помошникот Ефтимов на клупата, по што дојде до именувањето на стратегот од соседна Грција.

Искусниот грчки стратег има работено како помошник во Арис и тоа во неговите славни времиња, потоа како тренер на неколку грчки второлигашки екипи, во Струмица имаше и втор кус мандат во 2011 година, а најголем успех му е освојување на титулата во второт по ранг натпреварување во Кина - НБЛ-лигата и тоа во 2013 година со тимот на Сичуан.

Најново во Кошарка