ДЕРБИ ВО „ГРАДСКИ ПАРК", ЕФЕКТОТ ИСТ ПОБЕДА НА РАБОТНИЧКИ

Ни Куманово не ги „допре" оние „недопирливите"

Големите ривали прокажаа добра игра по паузата, но на крајот, „црвено-белите" стигнаа до целта. Потешко од што очекуваа го победија Куманово (81:77), па и по 12 кола го држат ореолот на непобедливи.

објавено: 13 јануари 2018 - 19:55

Големите ривали прокажаа добра игра по паузата, но на крајот, „црвено-белите" стигнаа до целта. Иако потешко од што очекуваа, го победија Куманово, па и по 12 кола го држат ореолот на непобедливи.

Работнички – Куманово 81:77 (26-22; 17-15; 27-21; 11-19)
Работнички бше екипата која го имаше водството во целиот тек на дербито на ова 12. коло. Ги добија сите три периоди, но се соочија со проблеми во последниот во кој избраниците на Марин Докузовски влегоа со позитива од 12. Поени, (70:58).
Со серијата од (11-2) Куманово се врати и дефинитивно во игра за добар резултат. Намалија „сино-белите" и на тоа како достижни (69:72).

 

Нападот, оној кумановскиот, со тројка и забивање го сопре Џинјард. Заедно со Чековски најефикасниот во домашната екипа (по 15. поени), за комотни (77:69).
Но притисокот за домаќините се зголеми кога погодија Караџовски и Јанески, за (75:77), а останаа да се доиграат 2:19 минути.
По размената на поени од Џинјард и Штерјов, беше (79:77), а по офанзивен ско, положи Чековски за (81:77). Но до крајот останаа само 26 секунди, и тајм аут за тренерот на Куманово, Александар Петровиќ.
Заврши без успех, па победата, 12. по ред во шампионатот, остана за Работнички.
Во неа со 19. поени се вгради Џинјард, 17 имаше Чековски, 15 дојдоа од Николовски, а 12 даде Мираковски.
Марјан Јанески беше лидер на стрелците кај Куманово. Даде искусното крило 23. поени, имаше и 7 скока. По 12 пак реализираа Караџовски и Караколев, а 10 постигна новакот Мекиќ

Во Охрид заиграа и оние „малкуминутажните"
Струмица преживува тешки моменти во постоењето на клубот. Но тоа не беше пречка и да се одигра дуелот во „Билјанини извори".
А таму победникот беше познат пред да почне, АВ Охрид беше голем фаворит, и го потврди тоа во 40.минути игра против младите сили, оние кои останаа да ја сочуваат гордоста на кошаркарскиот град и во вака тешки времиња.
АВ Охрид – Струмица 103:61 (23-17; 22-14; 27-9; 31-21)
Струмица веќе одамна не е сериозен противник. Па некако во тој стил охриѓани и го почнаа овој натпревар, прв во новата 2018. Малку „лабаво", но како одминуваше времето, така работите си доаѓаа на своето место.
Гостите како да имаа сили за едно полувреме во кое заостануваа само 14 ппоени (31:45).

Но по одморот, АВ Охрид ги „пресече" сите нивни надевања. По скорот (27-9) се беше потврдено.
Јунаковиќ реализираше 18 поени, Зафиров изненади со 15, додека Зимиќ имаше еден поен помалку кај АВ Охрид.
Делипетров стигна до 24. поени кај Струмица, а уште десет дојдоа од некогашниот „охриѓанец" Арсоски.

ФОТО: Охридњуз

Најново во Кошарка