ПРЕДВРЕМЕ ГО ПРЕСЕЛИЈА ВО АПОЛОН

Ништо од трансферот во Грција: Бојан Трајковски (засега) останува во „Градски парк“!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Бојан Трајковски, останува член на Работнички и еден од главните адути на тренерот Марин Докузовски во домашното првенство и покрај фактот што пред неколку дена беше објавена информација дека кариерата ќе ја продолжи во дресот на Аполон.

објавено: 17 октомври 2015 - 17:18

Високиот центар беше во центарот на вниманието изминатата недела, откако на специјализираниот за кошарка интернет-сајт „Евробаскет“ излезе информацијата дека негов нов клуб е грчкиот прволигаш од Патра. Со оглед на тоа што станува збор за реномиран извор, речиси никој не се посомнева во вистиноста на веста, уште повеќе ако се знае дека Трајковски подолг период беше во „лов“ на ангажман во странство.

Но, неговото појавување во дресот на „центарци“ на денешниот меч од 2. коло од Првата лига против Бест, покажува дека засега нема ништо од преселбата во Грција, иако не треба да се исклучи можноста дека трансферот е привремено пролонгиран и дека би можел да биде официјализиран во некој од следните денови.

Најново во Кошарка