МЛАДИ СИЛИ ВО РЕДОВИТЕ НА ШАМПИОНОТ

Нов бран на репрезентативци во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје договори млади репрезентативни кошаркари, во новата сезона дресот на тимот од Аеродром ќе го носат Андреј Маслинко, Ранко Мамузиќ и Михајло Митев. 

објавено: 7 јули 2017 - 09:00

МЗТ Скопје продолжува со градење на составот за новата сезона. По Бобан Стајиќ, челниците на актуелниот шампион, потпишаа три нови засилувања, и тоа повторно репрезентативни. Станува збор за триото Андреј Маслинко, Ранко Мамузиќ и Михајло Митев.

Масилинко минатата сезона настапуваше за Работнички, Митев доаѓа од Вардар, додека Мамузиќ беше без клуб. Со ангажирањето на овие кошаркари, МЗТ Скопје потврди дека оваа сезона ќе им даде шанса и на младите надежи.

Новиот стратег, Александар Тодоров засега на располагање ќе ги има Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Марко Симоновски и Адем Мекиќ. Иако Ксавиер Темс има договор со МЗТ Скопје, сепак се уште нема потврда дали ќе биде дел од новиот шампионски проект.

 

Најново во Кошарка